Околу 120.000 Ерменци од Нагорно Карабах ќе заминат во Ерменија, бидејќи не сакаат да живеат во составот на Азербејџан и се плашат од етничко чистење, изјави Давид Бабајан, советник на претседателот на енклавата.
Бабајан изјави дека Ерменците нема да имаат човечки услови да живеат во составот на Азербејџан и дека 99,9 отсто од нив ќе го напуштат Нагорно Карабах поради тоа.
Судбината на нашиот кутар народ ќе влезе во историјата како срам за ерменскиот народ и за целиот цивилизиран свет“, порача Бабајан и додаде дека процесот на предавање на оружјето на етничките Ерменци од Нагорно Карабах е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.