Рускиот претседател Владимир Путин вечерва телефонски му се заблагодари на својот белоруски колега Александар Лукашенко за сработеното за решавање на ситуацијата околу приватната воена компанија Вагнер, соопшти прес-службата на белорускиот претседател, пренесе ТАСС.

„Денеска во 21 часот повторно телефонски разговараа претседателите на Белорусија и Русија. Претседателот на Белорусија детално го информираше претседателот на Русија за резултатите од преговорите со раководството на „Вагнер“. Претседателот на Русија го поддржа својот белоруски колега и му се заблагодари за сработеното“, се вели во соопштението.

Претходно денеска, кабинетот на белорускиот претседател соопшти дека Лукашенко преговарал со шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин откако разговарал за ова прашање со Путин. Пригожин се согласил да го запре напредувањето на неговите сили кон Москва по предложеното решение кое содржи безбедносни гаранции за трупите на Вагнер, соопшти кабинетот на Лукашенко. Тој не даде детали за договорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.