Во текот на изминатото деноноќие руските единици уништиле повеќе од 400 борци на украинските сили, меѓу кои војници и припадници на ткн „Меѓународна легија“, во борбите на териториите на југоисточните украински региони Доњецк и Луганск кои сѐ уште се под контрола на украинските трупи а каде мнозинското руско и рускојазично население претходно годинава на референдуми изгласа присоединување кон Руската Федерација.

Според дневниот извештај на руското Министерство за одбрана, чии податоци не можат да се проверат од независни извори, странските платеници со контраофанзива се обиделе да го запрат напредувањето на руските трупи на југот од Доњецк, кај селата Степное, Владимировка и Павловка.

„Во ударите на артилеријата и авијацијата уништени се повеќе од 85 милитанти, седум оклопни борбени возила и два камиона“, соопшти руската војска.

Украинската војска со две тактички баталјонски групи се обидела да изврши напредување во правецот на градот Кујпанск, но биле отфрлени на почетници позиции.

Друга тактичка формација на украинските сили, пак, била нападната од руските единици во близина на селото Пешаное, во регионот на Харков, на западниот дел од боиштето, каде што украинските единици во последните деноноќие претрпеле загуба од 160 војници, шест тенкови и девет борбени оклопни возила.

Во Красно-Лиманската област, во судирите загинале околу 190 украински војници, а биле уништени еден тенк, шест оклопни возила и пет други возила. Во истиот регион руската воена авијација нападнала четири командни позиции на украинските сили, 58 артилериски единици, други позиции на жива сила и техника на вкупно 236 позиции.

Во Харковската област и на рабните области на регионот Доњецк,, пак, руската војска уништила батерија од американските такетни системи „М777“ и две радарски станици, а во Запорошката област каде што украинската војска влезе по повлекувањето на руските единици од Херсон бил соборен украински хеликоптер „Ми-8“, соопшти министерството за одбрана во Москва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.