Од петок, 18 февруари, холандската влада ќе ги укине повеќето епидемиолошки мерки против Ковид-19.

Надлежните се решија на овој чекор бидејќи рекордните нивоа на инфекции предизвикани од варијантата омикрон не беа проследени со поголем број хоспитализации, изјави министерот за здравство, Ернст Куиперс.

Државата повторно се отвора, за среќа, сега сме во друга фаза, рече Куиперс.

Од петок баровите и рестораните ќе смее да работат до 1 часот по полноќ наместо до 22 часот.

Куиперс, кој рече дека е оптимист за ситуацијата, сепак повика на претпазливост и потврди дека нормалното работно време ќе продолжи од 25 февруари.

Како што е најавено, мерките за физичко дистанцирање ќе бидат укинати на јавни места до крајот на месецот, но посетителите ќе треба да покажат докази за вакцинација, неодамнешно прележување на болеста или негативен тест на коронавирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.