Речиси 3.500 цивили се евакуирани од северниот украински град Суми за време на прекинот на огнот, соопштија локалните власти.

Регионалниот гувернер Дмитро Живицки, соопшти дека речиси 1.700 од 3.500 евакуирани се странски студенти кои студираат на универзитетите во Суми.

Истовремено, полицискиот функционер Серхи Болвинов изјави дека во последните 24 часа најмалку 27 цивили загинале во источниот украински град Харков. Болвинов соопшти дека вкупно 170 луѓе загинале во регионот на Харков од почетокот на руската воена акција.

Регионалниот гувернер на Харков, Олех Синехубов, изјави дека украинските сили одбиле обид на руските сили да влезат во Харков и спречиле планирана акција на 120 руски падобранци во близина на границата.

Според Синехубов, падобранците се спуштиле во близина на украинскиот пограничен град Вовчанск, на околу 50 километри североисточно од Харков, но биле поразени од украинските сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.