Секој евентуален влез на руски авиони во британскиот воздушен простор ќе се смета за кривично дело, изјави британскиот министер за транспорт Грант Шапс.

Ќе ја задушиме способноста на пријателите на Путин да продолжат да живеат нормално додека илјадници невини луѓе умираат – напиша Шапс на Твитер.

Во писмо упатено до „сите британски аеродроми“, Шапс им наредува на контролорите на летање „да не дозволуваат пристап на кој било авион за кој имаат причина да веруваат дека е руски авион“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.