После Обединетото Кралство, Ирска и Холандија, Данска планира да се приклучи на европските земји кои ги тргнаа рестрикциите за КОВИД-19 од февруари. Премиерот на Данска, Мете Фредериксен, најави дека владата ќе ги укине сите рестрикции за КОВИД-19 почнувајќи од 1 февруари и ќе го класифицира КОВИД-19 како болест која повеќе не е закана за општеството.
Оваа одлука следува во период кога новата подваријанта на омикрон, BA.2, ги зголеми бројките на инфицираните Данци и од минатиот четврток досега има над 50.000 новозаразени. Здравствените власти во Данска проценуваат дека само 30%-40% од 955 хоспитализирани пациенти се таму поради други причини освен КОВИД-19.
Изминатите недели во земјата има најголем број на инфицирани луѓе во земјата од почетокот на пандемијата. Затоа оваа одлука да го олабавиме рестрикциите можеби е чудна и парадоксална, изјави Фредериксен. Меѓутоа, министерот за здтавство Хојнике дополни дека оваа одлука е безбедна и правилна.
Над 80% од популацијата на Данска сега е вакцинирана со по две дози, а 60% се вакцинирани и со трета доза. Данска пред две недели дозволи повторно да се отворат кината и музичките сали. Според новата одлука, ќе се отворат и ноќните клубови, рестораните ќе служат алкохол после 22 часот, а клиентите нема да мора да покажат сертификат за вакцинација за да можат да влезат.
Од февруари, и патниците в јавниот превоз нема да мора да носат маски, а ќе бидат тргнати и ограничувањата на бројот на купувачи во продавниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.