Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден планира да ги поштеди обичните руски граѓани од американски извозни контроли доколку Русија ја нападне Украина, туку ќе се фокусира на одредени руски индустриски и технолошки сектори, изјави националниот советник во Белата куќа, Питер Херел.

– „Клучните луѓе“, исто така, ќе се соочат со „значителни санкции“, додаде високата економска претставничка Теа Кендлер.

Санкциите би можеле да ја таргетираат руската економија, па би биле погодени индустрискиот и технолошкиот сектор, поточно се споменува производството на паметни телефони.

– Не можеме да ја предвидиме секоја акција, но намерата е да се деградираат руските индустриски капацитети и производство, а не да се таргетираат поединци, односно секојдневни руски потрошувачи, истакна Херел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.