Француската полиција уапсила најмалку 719 лица за време на дополнителните нереди против полициската бруталност, соопшти Министерството за внатрешни работи според првичната проценка.

Министерството на Твитер објави и дека во нередите се повредени 45 полицајци.

Нередите беа предизвикани од фаталното пукање во вторникот во 17-годишен возач од страна на полицијата за време на сообраќајна контрола. Нереди избувнаа низ цела Франција.

На полицаецот осомничен за убиството на тинејџерот му е одреден притвор и се соочува со прелиминарна истрага за убиство од небрежност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.