Најмалку четири луѓе загинале, а 25 се ранети во престрелка во Балтимор, град во сојузната држава Мериленд, пренесоа американските медиуми повикувајќи се на локални службеници и сведоци.

Порталот „БНО њуз“ објави дека масовното пукање се случило нешто по полноќ по локално време, на забава на која присуствувале повеќе од 100 луѓе по повод „Денот на Бруклин“.

Очевидци велат дека биле испукани околу 30 истрели.

Други детали засега не се познати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.