Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе протера 15 вработени во Руската амбасада, под сомнение дека не се дипломати туку разузнавачи.
Во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи се посочува дека владината одлука за протерување на руските службеници е „одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа, што доведе до зголемена разузнавачка закана од Русија“.
– Ова е важен чекор во спротивставувањето и намалувањето на нивото на активности на руската разузнавачка служба во Норвешка, како и во заштитата на нашите национални интереси, изјави шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хуитфелд.
Амбасадата на Руската Федерација во Осло сè уште не го коментирала протерувањето.
Норвешка е членка на НАТО и граничи со Русија на Арктикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.