Норвешка не планира да испрати дополнителни војници во Источна Европа кои би биле стационирани како дел од контингентот на НАТО.
Имаме ограничени ресурси. Наша најважна задача е да ја следиме ситуацијата на северот. И второ, придонесуваме како дел од силите на НАТО во Литванија. Немаме цел да ги шириме нашите сили на друго место – соопшти норвешкиот министер за одбрана, Од-Роџер Еноксен.
Пред неколку дена Норвешка соопшти дека планира да го зголеми присуството на силите на НАТО во Литванија.
Се работи за 50 до 60 војници. Нивниот престој во Литванија се очекува да трае околу три месеци. Пред се, ова е сигнал за солидарност за партнерите на Норвешка – изјави Еноксен во телевизиско интервју.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.