Русија во текот на ноќта лансирала 12 дронови и една крстосувачка ракета кон воени цели во Украина. Како што соопштија украинските воздухопловни сили, украинскиот противвоздушен систем уништил 10 од дроновите пред да ја погодат целта.

Крстосувачката ракета не била уништена, но не ја погодила целта, соопштија претставници на воздухопловните сили без да дадат дополнителни детали. Не беше кажано што се случило со другите два дрона кои не биле уништени.

Агенциите наведуваат дека извештајот не може независно да биде потврден.

Дроновите биле насочени кон северозападниот дел на Украина, соопштија воздухопловните сили. Повеќето од нив се урнати во областа Миколаев на југот на Украина. Нема извештаи за штета од паѓање на остатоци или дронови кои не биле уништени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.