Припадници на британска специјална единица нуркачи од нуклеарна подморца на британската Кралска морнарица се директни извршители на саботажата на гасоводите Северен тек во септември 2022 година, дознаваат новинарите на скандинавскиот портал „Нордик тајмс“ во соработка со независниот фински дата аналитичар и истражувач познат под псевдонимот „Мортимер“.

Како што пишува скандинавскиот медиум, саботажата е извршена со знаење на Лиз Трус за време на нејзиниот краток мандат како премиер на Велика Британија. Написот го насочува вниманието кон посетата на поранешниот министер за одбранбени набавки во кабинетот на Трус, Алек Шелбрук, на поморската база Клајд во Шкотска (слика 1).

Шелбрук потоа ја прегледал подморницата „ХМС Ембуш“ (HMS Ambush), која се врати во пристаништето една недела по нападот на Северен тек, и се сретна со нејзиниот капетан и екипажот. Покрај тоа, Шелбрук ја надгледувал групата нуркачи ДТКСГ, која била формирана неколку месеци пред експлозиите на Северен тек.

По саботажата, Трус, Шелбрук и шефот на базата Клајд поднесоа едногласни оставки, а истрагата на британскиот парламент за нападот беше блокирана од министерот за одбрана Ben Валас.

„Нордик тајмс“ тврди дека САД знаеле за операцијата. Понатаму, во текстот се наведува дека британските нуркачи од групата ДТКСГ биле обучени од американската морнарица и работеле со контра-импровизирани експлозивни направи и тимови за отстранување експлозивни направи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.