Рускиот борбен хеликоптер Ка-52 „Алигатор“ важи за летало со одлични борбени и маневарски способности, а таквите перформанси го потврдија пилотите од Воено-космичките сили на Руската Федерација.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како пилотите на хеликопетр Ка-52, додека се враќале од мисија, одлучиле да приредат вистинско шоу за жителите на Алчовск во ЛНР.

Пилотите решиле да ги покажат своите пилотски вештини, но и способностите на машината што ја контролираат, па така борбениот хеликоптер Ка-52 „Алигатор“ покажа дека може да „лебди“ на вода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.