Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, која е фаворитка за наследник на Борис Џонсон на позицијата британски премиер, има многу потесна предност пред нејзиниот ривал, министерот за финансии, Риши Сунак отколку што првично се мислеше.

Резултатите од анкета за гласањето на членството на Конзервативната партија, спроведена од италијанската агенција „Техне“ од 19 до 27 јули врз 807 партиски членови, покажуваат дека Трас има поддршка од 48 отсто од членовите на Конзервативната партија во споредба со 43 отсто за поранешниот министер за финансии.

Тоа укажува на многу понеизвесна трка отколку во претходната анкета на членовите на Конзервативната партија, спроведена од „ЈуГов“ (YouGov) од 20 до 21 јули, која покажа дека Трас води со 24 отсто пред Сунак.

Сунак и Трус се натпреваруваат во летната турнеја низ Британија за гласовите на околу 200.000 членови на Конзервативната партија кои ќе го изберат следниот премиер, а победникот се очекува да биде објавен на 5 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.