Исламистичката организација Хезболах од Либан ги предупреди своите противници дека е „илјада пати помоќна“ од порано.

„Ројтерс“ соопшти дека пораката била испратена вчера додека борците на Хезболах продолжуваат да разменуваат оган со израелските сили на границата со Либан во конфликтот поттикнат од војната меѓу Хамас и Израел.

САД го предупредија Иран, кој ги поддржува Хезболах и палестинската екстремистичка организација Хамас, да не се меша во оваа криза и затоа два американски носачи на авиони се распоредени во регионот.

Хашим Сафиедин, функционер на Хезболах, во говорот пред илјадници поддржувачи, рече дека американскиот претседател Џо Бајден, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и „злонамерните Европејци“ треба да внимаваат.

– Одговорот на грешката што може да ја направите во врска со нашиот отпор ќе одекне силно. Тоа е затоа што имаме вера и Бог е посилен од вас, од вашите борбени бродови и од целото ваше оружје – рече Сафиједин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.