Работните групи на ВЛЕН, како легитимен претставник на Албанците и ВМРО ДПМНЕ како победничка партија во рамките на преговорите за формирање на новата влада успешно го завршија процесот на интегрирање на изборните програми и постигнаа договор за претседател на Собранието да се предложи Африм Гаши.

Во меѓувреме ја информираме јавноста дека работните групи интензивно продолжуваат со преговорите до финализирање на договорот за вториот и третиот ешалон. Многу брзо како држава ќе добиеме европски ориентирана влада, посветена за економски развој, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.