НАТО најави дека утре ќе потпише протоколи со Финска и Шведска за пристапување на двете земји во Алијансата.
„Разговорите меѓу претставниците на пактот и двете земји продолжуваат денеска“, стои во соопштението.
На претстојното потпишување утре се очекува да бидат вклучени министрите за надворешни работи на двете земји кои аплицираа за пристапување во Алијансата на почетокот од оваа година. Нивното барање беше потврдено на самитот на НАТО на крајот на минатиот месец во Мадрид.
По потпишувањето на протоколите следи процес на ратификација од сите 30 земји на НАТО.
Утрешното потпишување на протоколите е откако Турција се согласи да не го блокира членството на овие две земји во НАТО.
Шведска и Финска имаат долга историја на неутралност, но по руската инвазија на Украина, Москва се закани дека тие ќе бидат цел, ако се приклучат на НАТО, поради што овие две земји поднесоа апликација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.