На влезот на посетениот лондонски Британски музеј во напад со нож е избоден маж а напаѓачот е уапсен, објави во вторникот полицијата исклучувајќи ја можноста дека станува збор за терористички напад.

Според наводите на некои од британските медиуми евакуирани се сите посетители на една од најпосетените туристички дестинации на британската престолнина и музеј во кој, меѓу другите експонати се и славните каменот од Розета и мермерот од Партенон.

Бројни посетители на музејот информацијата, исто така, ја објавија на социјалните мрежи.

Полицијата соопшти дека „нема поголема опасност за јавноста“. Во соопштението, меѓу другото, се наведува дека Скотланд Јард интервенирал поради „изолиран инцидент кој не се смета за терористички напад“ околу 10 часот по локално време.

Во објавата се истакнува дека еден маж со убодна рана е пренесен во болница, а друг по ицидентот е „приведен поради нападот и нанесување телесни повреди“. Инцидентот се случил на крстосницата на улиците на кои се наоѓа главниот влез во Британскиот музеј.

Британската јавност последните години веднаш со внимание реагира на ваквите инцицентит, откако беа изведен десетици такви напади со студено оружје од кои повеќето со џихадистичка заднина. Покрај тоа, во Обединетото Кралство кривичните дела сторени со студено оружје се чести, бидејќи во земјата поседувањето огнено оружје исклучително строго се контролира.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.