ЕВРОПА

– Германскиот министер за здравство во петокот предупреди дека земјата нема да успее да ја стави под контрола пандемијата и ќе биде до есен во иста ситуација како сега, доколку владата не побара целосна вакцинација на населенеито.

– Швајцарија обезбеди најмалку 14 милиони дози вакцини против Ковид-19 за 2023 година, соопшти владата

САД

– Американската министерка за финансии Џенет Јелен во петокот рече дека американската економија е подобро подготвена да ги преброди економските турбуленции од руската инвазија на Украина поради пакетот помош од 1,9 трилиони долари за Ковид-19 донесен пред една година.

– Поранешниот американски претседател Барак Обама во неделата изјави дека бил позитивен на тестот за Ковид-19

АЗИЈА ПАЦИФИК

– Австралиските власти предупредија дека бавното пуштање во употреба на засилувачките вакцини против Ковид-19 би можело да ослободи нов бран инфекции поради заканата од многу заразната подваријанта BA.2 на Омикрон сојот на корона вирусот.

– Кина даде одобрение за пет комплети за антигени направени од локални компании кои треба да се користат за само-тестирање, објави државната телевизија „ЦЦТВ“, бидејќи го менува режимот на тестирање…Кинеското тело за контрола на болести соопшти дека дневните случаи на Ковид-19 во јужниот центар на провинцијата Гуангдонг би можеле да се зголемат на повеќе од 75.000

АФРИКА И БЛИКИ ИСТОК

– Кенија ги укина преостанатите ограничувања во петокот, вклучително и забрана за големи собири во затворен простор, како што се религиозни служби и барање да се претстави негативен тест за Ковид-19 за патници кои пристигнуваат со авион.

– Највисоката африканска агенција за јавно здравје договори меморандум за разбирање со Фајзер за да донесе набавки на антивирусни апчиња од Фармацевтската фирма „Паксловид“ на континентот.

МЕДИЦИНСКИ РАЗВОЈ

– Валнева (VLS.PA) сега очекува позитивна препорака од Европската агенција за лекови во април за нејзината кандидатска вакцина „ВЛА2001“ соопшти францускиот производител на вакцини во петокот

– „Омега дијагностикс Гртуп Плц.“ во петокот соопшти дека нејзиниот комплет за тестирање на антиген не бил одобрен од агенцијата за здравствена безбедност на ВБ и дека производот нема да биде достапен за продажба во земјата.

ЕКОНОМСКО ВЛИЈАНИЕ

– Пазарите на повеќето акции се зацврстија и нафтата падна поради надежите за напредок во руско-украинските мировни преговори, иако борбите продолжија да беснеат, додека пазарите на обврзници се подготвуваа за раст на стапките во САД и Велика Британија оваа недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.