Стотици илјади жители низ австралиската држава Викторија останаа без струја откако далноводи беа соборени поради лошите временски услови.

Невремето предизвика и пожари во кои беа повредени пет пожарникари, а властите соопштија дека еден маж починал на југот на државата откако бил погоден од отпадоци што летале во воздухот.

Половина милион објекти вчера останаа без струја, а околу 220.000 домаќинства и бизниси сè уште се без струја, соопшти премиерката на државата Викторија Џасинта Алан. Некои железнички линии во Мелбурн беа прекинати, а затворени се најмалку 10 училишта и десетици градинки.

Австралиската метеоролошка агенција прогнозираше подобро време за денеска, со температури меѓу 20 и 30 Целзиусови и умерен ветер, но предупредува дека се уште постои ризик.

Извор: МИА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.