Од почетокот на израелските бомбардирања и напади, Газа претрпе огромно ниво на уништување. Според информациите на светските агенции, во палестинската енклава се целосно или делумно урнати над 60 отсто од сите згради, а раселени се над 1,7 милиони луѓе.

Тоа е смртоносен удар за ова парче земја кое има долга историја, насликана преку древните џамии, живописните квартови и традиционланите базари. Но, Газа имаше и модерна нишка од грандиозни згради и објекти, широки авении, хотели, но и песочни плажи и рибарски населби.

Вака изгледаше Газа пред да биде уништена од израелските бомби.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.