Најмалку 12 лица загинаа при уривање на рудник во југоисточна Венецуела, соопштија денеска венецуелските власти.

Свлечиште го погоди во средата рудникот Параиба де Сан Хозе де Вадамапа во близина на градот Икабара во венецуелската држава Воливар Боливар, во близина на границата со Бразил.

Венецуелската агенција за управување со ризици и цивилна заштита во објава на „Х“ соопшти дека обезбедува храна, вода и лекови за погодените од несреќата, а во исто време го координирала трансферот на телата на жртвите во Порто Ордаз, на околу 700 километри северно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.