Над 50 ракети беа истрелани денеска од Појасот Газа врз градот Нетивот, во јужен Израел, соопштија локалните власти.

Во соопштението се наведува дека врз градот биле истрелани ракети, но дека нема извештаи за повредени, пишува „Тајмс оф Израел“.

Нападот на Нетивот е најголемиот ракетен напад од Газа врз Израел во последните недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.