На мобилизираните Руси во Украина забрането им е носење на паметни телефони поради безбедносни ризици, пишуваат дел од руските медиуми.

Руската Влада воспостави служба, „Хотлајн 122“, за одговори на прашања поврзани со приклучување на мобилизацијата.

„Од безбедносни причини, забрането е користење паметни телефони на територијата на воените единици“, се наведува во соопштението.

Војниците може да понесат обичен мобилен телефон од старите генерации. Но, тој исто така ќе се чува на одредено место и ќе се користи само во дадено време.

Како што пишуваат дел медиуми, ова е со цел да се спречи војниците преку видеа и фотографии да ја откријат својата локација, како и да не се шират материјали за состојбата во руската војска. Многумина кои се приклучуваат на мобилизацијата веќе снимаат делови од своето патување, што е релативно лесно за лоцирање. бд/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.