Тропската бура „Ермина“ придружена со обилни дождови погоди неколку региони во Шпанија, при што едно лице загина, а предизвикана е голема материјална штета, соопштија денеска локалните власти.
На Канарските острови веќе трет ден врне силен дожд. Шпанската метеоролошка агенција АЕМЕТ објави дека ова е најдождливиот септември досега забележан на Канарските острови.
Училиштата таму беа затворени како мерка на претпазливост, додека повеќе од 600 летови беа откажани во текот на викендот.
Се очекува училиштата и аеродромите на Канарските Острови да продолжат со нормална работа од утре, кога ќе помине невремето.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.