Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го оцени како цинизам на Западот неусвојувањето во Советот за безбедност на Обединетите нации, на руската резолуција за хуманитарната ситуација во Украина.
Советот за безбедност на ОН на 23 март гласаше за нацрт-руската резолуција за хуманитарната ситуација во Украина, каде мнозинство од членките на Советот беа воздржани и не дозволија усвојување на резолуцијата. Им благодариме на Кина, која гласаше за нашиот предлог, и на земјите кои беа ко-иницијатори – истакна Захарова.
Таа додаде дека исходот од гласањето уште еднаш покажал „циничен пристап кон судбината на Украинците“ и со тоа е остварена желбата да се искористи каков било изговор, дури и од хуманитарен карактер, како вид на притисок врз Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.