Руските сили извршиле ракетен напад врз Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, во украинскиот град Винициа.

Денеска, 25 март, околу 16:30 часот, руските сили извршија ракетен напад врз територијата на командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина во Винициа. Русите истрелаа вкупно шест крстаречки ракети. Некои од нив беа соборени од единиците за противвоздушна одбрана. Остатокот погоди неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата – објавија од Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.