Полска не е подготвена сама да донесе одлука да испорача ловци МиГ-29 на Украина, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Мора да се нагласи дека Полска не е страна во оваа војна, а и НАТО не е страна во оваа војна. Затоа одлуките за набавка на офанзивно оружје мора да се носат на највисоко ниво во НАТО. Ние сме подготвени да префрлиме дел од нашите ловци во Рамштајн (американска воздухопловна база во Германија), но не сме подготвени да преземеме независни чекори – порача Моравјецки.

Според достапни информации, Полска има 22 ловци МиГ-29 и шест борбени ловци за обука.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, на брифинг во Кишињев, Молдавија, претходно изјави дека САД се подготвени да продолжат да даваат воена помош за Киев и дека размислуваат да и помогнат на Полска доколку таа одлучи да обезбеди борбени авиони на Украина.

Во исто време, Вол Стрит Џурнал објави дека САД размислуваат за договор според кој Полска ќе и обезбеди на Украина ловци МиГ-29 во замена за американските ловци Ф-16 од САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.