Владата во Молдавија ќе го задржи неутралниот став и нема да се приклучи на санкциите на Западот против Русија поради конфликтот во Украина, изјави претседателката Маја Санду.
Има одредени работи што треба да им ги обезбедиме на нашите граѓани. Ако ја оставиме земјата без гориво и ја дестабилизираме ситуацијата овде, тоа нема да помогне никому, рече Санду, додавајќи дека „ниту Молдавија, ниту Украина, ниту нашите западни партнери“ нема да имаат корист од таа ситуација.
Според неа, на економската ситуација во Молдавија влијаел конфликтот во соседната земја.
Немаме пристап до пазарите на Украина, Русија и Белорусија. Извозот и увозот во тие земји се практично блокирани како резултат на конфликтот, рече таа, коментирајќи ја можноста за ограничување на извозот и увозот.
Санда ја спомена и големата зависност на Молдавија од испораките на гориво од Русија.
Можеме ли да си дозволиме да ја оставиме нашата земја без природен гас или струја? Не, не можеме, поради нашите граѓани и поради 100.000 украински бегалци, меѓу кои и 50.000 деца, рече претседателката Санду.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.