Повеќето Израелци веруваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху е одговорен за неуспехот да спречи нападот на Хамас.

Според резултати од анкета на јавното мислење спроведено од Маарив, осумдесет отсто од Израелците веруваат дека Нетанјаху треба да ја преземе одговорноста за безбедносните пропусти откриени со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Началникот на Генералштабот на армијата, шефот на военото разузнавање и шефот на разузнавачката служба Шин Бет признаа дека нивните служби не успеале да го спречат нападот, во кој загинаа околу 1.400 Израелци во најсмртоносниот ден во 75-годишната историја на Израел.

Дури и меѓу гласачите во владејачката партија на Нетанјаху – Ликуд, 69 отсто веруваат дека тој треба да преземе одговорност за тоа што се случи.

Според резултатите од анкетата, премиерот Нетанјаху е далеку зад поранешниот министер за одбрана Бени Ганц, шефот на опозициската центристичка партија, која и се приклучи на владата на национално единство минатата недела.

Четириесет и осум отсто од анкетираните сметаат дека Ганц би бил подобар премиер, во споредба со 28 отсто за Нетанјаху.

Анкетата покажува и дека 65 отсто од Израелците ја поддржуваат очекуваната копнена операција на израелските војници во Газа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.