Младоженец бил убиен неколку моменти по неговата венчавка во Мексико, а властите веруваат дека тој бил случајна жртва.

Според Ел Универзал, Марко Антонио Росалес Контрерас (32) бил застрелан во саботата откако ја напуштил свадбената церемонија во црквата Нуестра Сењора де Ла Канделарија во Каборка, Мексико. Престрелката се случила нешто по 17 часот.

Сведоците им кажале на властите дека еден вооружен маж се приближил и неколку пати го застрелал Контрерас, пред неговата невеста. Веднаш бил пренесен во болница, но докторите можеле само да прогласат смрт.

Магазинот „Пипл“ го објави видеото, на кое се гледа како белата венчаница испрскана со крв.

Инспекторите сега веруваат дека напаѓачот можеби убил погрешна личност и немал намера да го убие Марко Антонио, кој работел како инженер за компјутерски системи.

Истрагата укажува на тоа дека нападот врз зетот бил насочен кон друго лице кое исто така се венчало во исто време во друг близок град, се вели во соопштението на локалното обвинителство.

Мотивот за пукањето не е објавен, но Каборка е дом на озлогласен нарко картел во северозападно Мексико.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.