Мерцедес-Бенц ги одложува целите за развој на електрични возила поради слабата побарувачка. Поради тоа, германскиот автомобилски концерн ќе продолжи да произведува автомобили со внатрешно согорување.

Германскиот луксузен бренд соопшти дека нема да го испочитува својот краен рок до 2025 година електричните возила, вклучувајќи ги и хибридите, да сочинуваат 50% од целата продажба.

Недоволната побарувачка за автомобили на електричен погон ја одложи таа цел најмалку до 2030 година, соопштија од компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.