„Мерцедес-Бенц“ ги продава своите 80 салони за автомобили во Германија, вклучувајќи го и седиштето во Штутгарт, и се сели во Кина.
Ваквата одлука е резултатат на тоа што германската индустрија е во рецесија петти месец по ред, а антируските санкции не функционираат како што се очекуваше.
Пред речиси две години, поради воведувањето на санкциите, „Мерцедес-Бенц“ одлучи да ја напушти Русија. Од тој момент состојбата во оваа компанија се влошува. Веќе на крајот на првата половина на 2022 година добивката беше намалена за 16 отсто на 6,6 милијарди евра.
Втората половина од 2022 година донесе загуби од уште 3,1 милијарди, или 13,6 отсто. Загубите од напуштањето на Русија изнесуваат 2 милијарди евра.
„Мерцедес-Бенц“, сепак, и денес е профитабилна компанија, но има неколку интересни моменти. Профит имаат азиските филијали, поточно оние во Кина. Покрај тоа, најголем дел од продадените автомобили на компанијата се произведени во Кина, додека домашните, германски фабрики почнаа да носат континуирани загуби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.