Нeколку деца се избодени со нож во напад во парк во близина на езерото Анеси во југоисточна Франција, изјави министерот за внатрешни работи. Жералд Дарманин потврди дека полицијата го уапсила сторителот.

Регионалниот заменик Антоан Арман го опиша нападот како „гнасен“ и рече дека властите истражуваат.

Француската премиерка Елизабет Борн е на пат кон местото на настанот. Шест деца се повредени во напад со нож, пренесува агенцијата АФП. Локалните медиуми јавија дека жртвите биле на возраст од околу три години. Француското национално собрание одржа едноминутно молчење, а патиштата околу местото на нападот беа блокирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.