Министерството за одбрана на Русија, соопшти дека како резултат на преговорите со Украина, се ослободени 107 руски војници, кои се префрлени на територијата под контрола на руските сили.

Војниците се ослободени во рамки на размена на заробеници по принципот 107 за 107.

Размената на војници со Украина ја потврди и шефот на Доњецката Народна Република (ДНР), Денис Пушилин.

Денеска враќаме 107 наши борци од украинските затвори. Исто толку затвореници враќаме во Киев. Од вкупниот број на ослободени, 65 се од Народните републики Доњецк и Луганск. Наскоро ќе можат да ги прегрнат своите најблиските, напиша Пушилин во објава на социјалната мрежа Телеграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.