Германија ги укина речиси сите мерки за борба против пандемијата на корона вирусот.

Прописите за борба против пандемијата се изменети и остануваат само неколку заштитни мерки и покрај протестите од некои федерални провинции. Сојузните држави сè уште можат да наметнат обврска за носење маски во лекарските ординации, домовите за стари лица и јавниот превоз и да вршат тестирање за корона вирус во училиштата.

Маските се уште се задолжителни низ целата земја во авионите и на подолгите патувања со воз.

Компаниите, продавниците и другите институции можат сами да одлучат дали ќе воведат обврска за носење маски.

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, е меѓу неколкуте политичари кои препорачаа маските да продолжат да се носат во затворени простории, иако повеќето мерки се укинати.

Според истражувањето на „Инсе“, 63 отсто од Германците сè уште сакаат да носат маски во продавниците, додека 29 отсто од нив се против тоа.

Бројот на заразени во Германија е сè уште висок, но веќе неколку дена се намалува.

Институтот Роберт Кох пријави 74.053 случаи на инфекција во изминатите 24 часа. Се верува дека вистинските бројки се поголеми бидејќи неколку провинции не објавуваат податоци секој ден и се смета дека голем број инфекции остануваат неоткриени.

Во Германија напредува и вакцинацијата против Ковид-19. Во петокот биле аплицирани 36.000 дози.

Околу 76 отсто од населението примиле две дози од вакцината, а според официјалните податоци од саботата, 58,8 отсто од Германците примиле  дополнителна, „бустер“ доза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.