Војната во Украина добива на жестина, во Донбас се водат тешки битки, а се повеќе се стега обрачот во Мариупол околу екстремистите кои припаѓаат на баталјонот „Азов“. Под нивна контроласе останати само неколку „џебови“ од територијата на градот.

Како што соопшти челникот на воените сили на Доњецката Народна Република, Едуард Басурин, пристаништето е целосно под руска контрола и во тек е чистење на останатите делови.

На социјалните мрежи, се појави детална слика од тоа како стои ситуацијата во Мариупол.

Руските сили целосно го зазедоа пристаништето и брегот во областа Приморски.

 

Под оган е 1-та населба кон пристаништето. Предниот дел оди понатаму кон областа на паркот.

 

Утврдената област на вооружените сили на Украина се наоѓа на преминот на спортскиот комплекс Иличевец – ТВ кула – се наведува во објаснувањето на објавената мапа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.