Кога се спуштате надолу, брзо губите сметка за насоката и времето, велат експертите за тунелите на Хамас долж Газа. Тие се длабоки 20 метри и долги 1,6 километри.

Воените експерти велат дека мрежата на подземни тунели на Хамас може да биде кошмар за израелските војници и предупредуваат да не се испраќаат во задушувачките, тесни премини, кои се со малку кислород, но полни со пресврти.

Многу од високотехнолошките предности што ги ужива Израел над земја исчезнуваат кога војниците одат под земја.Очилата за ноќно гледање не работат, комуникацијата меѓу борците во тунелите е многу ограничена, а војниците мора да носат свои резерви на кислород, респиратори и хемиски маски.

 

„Тоа е како да сте под вода“, вели пензионираниот американски генерал-полковник Марк Шварц, кој ја предводеше американската безбедносна координација во Израел и Палестина од 2019 до 2021 година.

Експертите велат дека војниците кои влегуваат во тунелите брзо може да се дезориентираат и да се зашеметат, а ходниците можат да станат толку тесни што е речиси невозможно да се сврти.

По должината на северната граница со Либан, Хезболах користеше дупчалки со дијамантски врв за да ги исече премините во карпата.

На јужната граница, каде Израел и Хамас се во војна, тунелите од Газа до Египет долго време се користат за шверц на стоки. Тунелите кон Израел беа користени за напади врз израелските населби.

Се верува дека лавиринтот од тунели под Газа е најголемиот, најкомплексен и софистициран, со долги премини кои цик-цак се движат на различни длабочини под земјата под населените центри. Некои ја процениле нивната комбинирана должина на 240 до 480 километри,

Почвата во Газа е идеална за копање бунари што ја прави идеална и за тунели. Тунелите во Газа не се користат за цивили, тие се резервирани за Хамас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.