Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека амбасадорот на неговата земја во Нигер – Силвен Ите – е „буквално земен како заложник“ од воената хунта и дека добива само „воени оброци“.

Во Нигер, додека ви зборувам, имаме амбасадор и дипломатски персонал кои буквално се земени како заложници во француската амбасада, рече Макрон за време на посетата на Сејмур-ан-Осоа, источна Франција.

Тие ги спречуваат да добијат храна. Тој (амбасадорот) јаде воени оброци, додаде францускиот претседател.

Војската го собори претседателот Мохамед Базум и ја презеде власта во Нигер на 26 јули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.