Европа нема да може да ја преживее следната зима без руски гас, порачува францускиот претседател, Емануел Макрон, во интервју за „Ouest-France“.

Францускиот претседател истакнува дека ЕУ не разговара за ембарго за испорака на јаглеводороди од Русија:

Денеска нема решенија кои ни овозможуваат целосно да го замениме гасот што го увезуваме од Русија со други добавувачи – истакна Макрон.

Во исто време, тој е убеден дека е неопходно да се зајакнат санкциите и да се продолжи со притисокот врз Русија, но истовремено да не се подлегнува на каква било ескалација.

Макрон, исто така, призна дека Франција веќе го снабдува Киев со неколку видови оружје, вклучувајќи ги ракетните системи „Милано“ и самоодните артилериски единици „Цезар“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.