Доколку Русија одлучи да ја прекине испораката на гас за Европа, Европската унија може да се соочи со тешкотии следната зима, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Има забележливо зголемување на цените (на енергетските ресурси) на краток рок, што е поврзано со оваа војна, како и одредени шпекулации на пазарите. Но, доколку Русија одлучи да воведе контрасанкции за енергетските ресурси, следно годината ќе биде уште потешка, рече Макрон на предизборна средба во Париз.

Макрон напомена и дека ако Русија престане да испорачува гас за Европа, Франција нема многу да зависи од рускиот гас, за разлика од, на пример, Италија и Германија. Како што појасни, решение би можело да се најде во наредните недели, но голем предизвик би бил следната зима и затоа Европа работи на спречување на ваквото сценарио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.