За време на вчерашното обраќање пред Советот за безбедност, белорускиот претседател и сојузник на Владимир Путин, Александар Лукашенко пред мапа со стап го прикажуваше планираното движење на војниците и целите во Украина. Но, според „Индекс“, така тој случајно откри уште една можна цел на Путин – напад врз Молдавија.

На картата е прикажано и движењето на војниците од Одеса кон крајниот југозапад на Украина, кон Молдавија, пишува порталот.

Белорускиот новинар Тадеуш Гиџан на „Твитер“ вели дека мапата изгледа како вистинската карта на инвазијата.

На неа се прикажани воените објекти на Украина уништени со проектили кои доаѓаа од Белорусија и насоките за нападот. Украина е поделена на четири сектори на картата, пишува тој, додавајќи дека единствено отскокнува нападот од Одеса врз Молдавија.

Аналитичарот Денис Казакијевиќ, исто така предупреди дека мапата на Лукашенко изгледа како вистинска карта на инвазијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.