Познатите црни такси во Лондон ѝ оддадоа почит на покојната кралица со тоа што се построија на улицата пред Бакингемската палата. Десетици таксија се наредија на дождот околу Бакингемската палата пред да бидат затворени улиците за да ја задржат контролата над толпата што се собра таму да ја оплакува смртта на кралицата.
„Неверојатно трогателна почит додека црните такси се редат во тишина за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета. Еден таксист низ солзи ми рече дека сака да му оддаде почит на монархот кој е „сè што некогаш сме знаеле“, напиша новинарот. Пол Бренд на Твитер.
Ова не е прв пат лондонските таксисти да оддадат почит за член на кралското семејство на ваков начин. Кога принцот Филип, војводата од Единбург, почина во април 2021 година, десетици црни лондонски такси се наредија на истата улица.
Појавата на црните такси возила може да изгледа малку чудно, но има причина за тоа. Почнувајќи од 1999 година, принцот Филип често се возел (или имал кралски возач) со Метрокаб на гас за незабележителни патувања низ Лондон. Еколошкото црно такси го возело принцот и на официјални и на приватни настани – тој дури и самиот го возел за да ги однесе Барак и Мишел Обама во палатата кога го посетиле Лондон во 2016 година, пишува People.
Black cab drivers are lining the mall to mourn the death of Queen Elizabeth. One told me in tears that he wanted to pay his respects to the monarch who’s “all we’ve ever known”. pic.twitter.com/kfCslgmZQl
— Paul Brand (@PaulBrandITV) September 8, 2022
Војводата од Единбург често користел црно такси, а и на кралицата не ѝ било непознато. Во 2012 година, таа ги изненади гледачите во театарот кога се појави со својот сопруг во театарот Ројал Хејмаркет за да гледа претстава, но не дојде во кралската лимузина, туку во саканото црно такси на војводата, со униформиран кралски возач зад воланот, пишува Daily Mail.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.