Летонската влада им забрани на своите граѓани да купуваат голем број руски земјоделски и сточарски производи. На списокот има зеленчук и коренести зеленчуци, кромид, моркови, како и сите кисели и сушени земјоделски производи. Забранети се и житариците и брашното, како и добиточната храна.

Забранети се истите стоки и од белоруско производство, иако Белорусија не учествува во војната, што е изговор на Летонија за донесувањето на ваквата одлука.

Претходно, летонските земјоделци се залагаа за забрана на увозот на земјоделски производи. Во февруари тие дури излегоа на протести барајќи забрана за увоз на руска и белоруска стока, не успевајќи да се справат со здравата конкуренција.

Сепак, донесената одлука на летонските власти не опфаќа транзит на производи од Русија и Белорусија низ нивната земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.