Холандија купила девет самоодни топови ДИТА од 155 мм од Чешка со цел да ги испрати во Украина.

Максималниот опсег на пукање на самоодната хаубица е 39-40 км, максималната брзина на стрелање е 5-6 гранати во минута, а капацитетот на муниција е 40. Екипажот на ова артилериско орудие е само две лица.

На Украина и треба ова оружје. Затоа Холандија неодамна нарача девет такви хаубици за Украина“, се вели во соопштението на холандското Министерство за одбрана.

Учеството на Холандија во воената поддршка за Украина во последно време значително се зголемува, особено ако се земе предвид фактот дека премиерот на таа земја, Марк Руте, е еден од најголемите кандидати да стане следниот генерален секретар на НАТО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.