Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак изјави дека Црна Гора е најнапредна на нејзиниот европски пат, но дека процесот некако е запрен бидејќи нема напредок во последните две години.

Тој потсети дека Црна Гора го отвори последното поглавје во јуни 2020 година.

„Ако видите колку напредува Албанија, колку Македонија и Србија се борат, а Црна Гора изгледа беше на мислење дека е прва и дека секогаш ќе биде прва. Сега тоа изгубено време мора да се надополни“, рече Лајчак.

„Кога дојдов минатата година, кажав какво е чувството во Брисел, Црна Гора како да исчезна. Претходната влада имаше добри намери и добри документи, но немаше ништо. Црна Гора не беше видена или почувствувана во Брисел“, рече Лајчак во интервју за агенцијата „Мина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.