Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.

Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.

Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.