Странските платеници познати како „кучиња на војната“ ги водат главните битки во руско-украинската војна.

Ги има на двете страни. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека очекува околку 20.000 доброволци да се приклучат на нивните сили. Најголем дел доаѓаат од САД, Нигерија, Велика Британија, Хрватска….

Она што е зачудувачки е што во речиси сите земји е забрането учество во странски војски но и покрај тоа платеници секојдневно пристигнуваат во Украина.

Во Украина е пристигнува и грузискиот батаљон „Џохар Дудајев“ составен од Чеченци противници на Разман Кадиров.

И во Македонија има закон против учество на наши државјани во странски војски но и покрај тоа Амбасадата на Украина имаше повик за учество на што реагираше нашето МНР.Засега нема информации дали и колку наши граѓани се пријавиле да војуваат во Украина.

Од друга стрна Русија во Украина може да смета на помошта на единицата на Сириската народна армија. Тие се познати и како „тигрите на Башар Ал Асад“.

Овие „тигри“ имаат големо искуство во војната во Сирија и важат за најобучени војници за улични борби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.